Тереза Меј може да се откаже од трето гласање за договорот за брегзитот

Британската премиерка Тереза Меј би можела да се откаже од трето гласање во парламентот за договорот кој го постигна со ЕУ ако не добие доволна поддршка, кажаа денес двајца нејзини министри.

„Не е сигурно“ дека ќе биде организирано гласање во парламентот, изјави за Би-би-си министерот за финансии Филип Хамонд. „Нема повторно да го претставиме договорот ако не сме сигурни дека доволен број наши колеги ќе бидат спремни тој да помине во парламентот“.

„Тоа зависи од нашата можност да успееме со изгласувањето во долниот дом“, изјави министерот за меѓународна трговија Лијам Фокс за мрежата Скај њуз, истакнувајќи дека ќе биде тешко да се оправда организација на ново гласање „ако сме сигурни дека ќе изгубиме“.

Британските парламентарци во четвртокот со големо мнозинство гласаа за одложување на британското излегување од Европската Унија, предвидено за 29 март, давајќи ѝ време на британската премиерка идната недела повторно да се обиде да добие поддршка во парламентот за договорот постигнат со Брисел.

Дваесет и седумте членки на ЕУ наводно се спремни да ѝ дозволат на Британија на самитот во Брисел следната недела да ѝ дозволат кратко продолжување на рокот во траење од неколку недели, ако пред тоа биде усвоен договорот на Меј со Брисел.

Договорот со Брисел британскиот парламент го отфрли на 15 јануари, па потоа во вторникот.

Меј повторно побара од пратениците да ја поддржат, во текст објавен денес во Сандеј телеграф.

Ако дојде до нов неуспех во парламентот, Британија би можела „да не ја напушти ЕУ со месеци, ако воопшто некогаш излезе“, предупреди таа.

„Идејата Британците да излезат на гласачките места за да изберат европски претставници, три години откако изгласаа да ја напуштат ЕУ, е едвај поднослива“, напиша Меј.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе