Тереза Меј: Ќе поднесам оставка на 7 јуни (ВИДЕО)

Тереза Меј во 10 часот и 5 минути им се обрати на медиумите. Таа објави дека ја напушта функцијата премиер на 7 јуни.

„Дадов сè од себе. Се обидов да ги договорам најдобрите услови, направив сè за да ги убедам пратениците да му дадат поддршка на мојот договор. За жал, не успеав. Се обидов три пати. Верувам дека беше правилно да се истрае. Но сега верувам дека е правилно нова личност да преземе. Ќе поднесам оставка во петок, 7 јуни“, рече Меј.

Таа зборуваше и за тоа како нејзината партија ќе се обедини и ќе заздрави, и дека напорната работа за договарање на брегзитот паѓа на нејзиниот наследник.

За својата оставка ги извести соработниците, како и кралицата, и рече дека се активирани механизми за избор на нејзин наследник. На крајот од говорот таа заплака.

Тереза Меј во говорот изјави дека служењето како премиерка ѝ било најголемата чест во животот.

„Бев втора премиерка во историјата на оваа земја, но сигурно не и последна“, рече таа.

„Ми беше најголема чест во животот да ѝ служам на земјата што ја сакам“, рече Меј на крајот од говорот и почна да плаче. Се сврте и замина.

Тереза Меј беше под сè поголем притисок колку подолго траеја преговорите за брегзит. Најновите решенија на Меј за брегзитот не им се допаднаа ни на нејзините членови на партијата, па притисокот стануваше сè поголем.

Британскиот парламент три пати го одби нејзиното решение за брегзит, нејзината влада ја напуштија голем број министри и неодамна оставка поднесе и Андреа Лидсом, претседателката на владејачката Конзервативна партија во Долниот дом на британскиот парламент. Лидсом рече дека повеќе не го поддржува пристапот на владата кон процесот за излез од Европската Унија.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе