Тереза Меј ќе даде оставка на премиерската функција

Борис Џонсон потврди дека ќе се кандидира да ја замени како лидер на конзервативците.

Тереза Меј го почна одбројувањето до нејзиното заминување како премиер, велејќи им на конзервативните пратеници дека следниот месец ќе ја каже датата на својата оставка и на изборот на нов лидер на партијата.

Меј беше под огромен притисок да се повлече и денеска таа конечно го прифати неизбежното, согласувајќи се дека ќе ги потврди деталите за нејзиното заминување во почетокот на јуни, без оглед дали е прифатен нејзиниот договор за брегзитот.

Неколку часа пред одлуката на Меј, поранешниот министер за надворешни работи Борис Џонсон потврди дека ќе се кандидира за лидер на Конзервативната партија. Сега во наредните месеци се очекува трка на кандидатите, а „крунисувањето“ на новиот лидер ќе биде на есенската партиска конференција. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе