ДЕНЕСКА

Тепачка во турскиот парламент поради предлогот да се зголеми моќта на Ердоган (ВИДЕО)

Инцидент избил меѓу владејачките и опозициските пратеници во парламентот на Турција за време на одлучувањето околу контроверзниот пакет уставни амандмани со кои во голема мера би се прошириле овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Турските пратеници денеска за време на гласањето почнале да се туркаат и да се тепаат.

Опозицијата ја обвинувала владејачката партија дека ги прекршува уставните правила според кои е потребно тајно гласање. Неколку пратеници од владејачката партија ги покажувале своите гласови, што довело до обвинувања дека партијата врши притисок врз нив да гласаат за измени и им оневозможува да гласаат самостојно.

Ердоган веќе долго време инсистира на амандманите, инсистирајќи дека силното лидерство ќе ја направи Турција посилна.

Критичарите се плашат дека промените ќе му дадат на Ердоган премногу овластувања, а премалку проверки.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе