Тепачка во парламентот на Боливија поради поранешната претседателка (ВИДЕО)

Во боливискиот парламент изби општ метеж кога се степаа двајца пратеници по жестоката расправа дали претходната влада на привремената претседателка Жанин Ањез била легална или превратничка.

EPA-EFE

Жанин Ањез беше уапсена претходниот ден во главниот град на Боливија Ла Паз под обвинување дека извршила пуч и го турнала од власта претседателот Ево Моралес.

Тепачката изби меѓу еден пратеник на владејачката Социјалистичка партија и еден опозициски пратеник по расправата дали владата на привремената претседателка била легална или не.

На тепачката се приклучија уште две пратенички по што настана општ хаос во парламентот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе