Тензии во Ламанш, Британија испрати патролни бродови поради закани на Франција

Британија испрати два морнарички патролни чамци кај британскиот остров Џерси во Ламанш, откако Франција ја најави можноста да ја прекине испораката на електрична енергија на островот ако на нејзините рибари не им биде дозволен целосен пристап во британските води.

EPA-EFE

Британскиот премиер Борис Џонсон вети „непоколеблива поддршка“ на островот откако разговарал со властите на Џерси за можноста од француска блокада.

Џонсон ја истакна итната потреба од деескалација на тензиите, кажа неговиот портпарол, додавајќи дека како мерка на претпазливост Британија испраќа два патролни брода да ја надгледуваат ситуацијата.

Претходно францускиот министер за мориња Аник Жирардин кажа дека била „згрозена“ кога слушната дека Џерси издал 41 дозвола со еднострано наметнати услови, вклучувајќи го времето кое француските рибарски бродови можат да го минат во тие води.

Таа потсети дека во договорот за брегзитот има мерки за одмазда, и дека тие се спремни да ги употребат.

„Што се однесува до Џерси, ве потсетувам на испораката на електрична енергија долж подводните кабли. Иако тоа е жално, спремни сме да го направиме“, кажа таа, зборувајќи за прекин на испораката на струја.

Со 108.000 жители, Џерси увезува 95 отсто од електричната енергија од Франција, а дизел генераторите и гасните турбини се резерва.

Островот се наоѓа 23 километри од северниот француски брег и 140 километри јужно од британскиот.

Министерот за надворешни односи на Џерси Јан Горст кажа дека островот издава дозволи во согласност со одредбите на договорот за односите по брегзитот, а дека тие предвидуваат дека секоја нова дозвола зависи од времето кое бродот го минал во тие води пред брегзитот.

„Ние влегуваме во нова ера и потребно е време за сите да се прилагодат“, кажа тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе