Се тврди дека специјалците се распоредиле по градот и ја блокирале цела Северна Митровица. Припадниците на специјалната единица на косовската полиција фрлиле и две шок бомби. Според нив, таму се за да осигураат безбедност.
Граѓаните на Северна Митровица излегуваат на улиците. Состојбата е напната, но без инциденти.
Косовската полиција најави претходно дека во следните денови ќе го засили своето присуство на северот на државата. Косовската полиција наведува дека главните цели ѝ се одржување на јавниот ред и безбедноста, заштита на животите и имотот на сите граѓани без разлика на националноста, пренесува Коссев.
— Arsil (@arsagarson) December 8, 2022
Во соопштението наведуваат дека имаат капацитет за управување и контрола на безбедносната ситуација и одржување на редот на цело Косово, како и за преземање дејства за спроведување на законите.
„Приоритет на полицијата на Косово е осигурување безбедност за сите граѓани, па, проценувајќи ја ситуацијата и актуелните настани во северните општини, полицијата во следните денови ќе го зголеми присуството на северот“, се додава во соопштението.
— Arsil (@arsagarson) December 8, 2022