Тензии меѓу Тачи и Харадинај

Косовските претседател и премиер се сретнале денес на состанок на кој се согласиле со предлог платформата за продолжување на преговорите со Србија, јавуваат косовските медиуми.

Приштинска Газета експрес јавува дека состанокот бил одржан во атмосфера на напнати односи меѓу претседателот Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај.

Повикувајќи се на свои извори, медиумот јавува дека состанокот, одржан во кабинетот на претседателот на парламентот Кадри Весељи, поминал во многу тензична атмосфера меѓу Тачи и Харадинај поради изјавите кои косовскиот претседател ги даде во вчерашно интервју.

Во интервјуто Тачи го праша Харадинај дали е свесен дека владината одлука за задржување на зголемените царини на стоката од Србија и БиХ всушност е „политички инцидент“.

Тачи, како што пишува Газета, спомна и смена на Харадинај поради тоа што таа владина одлука им нанела голема штета на односите на Приштина и САД.

А причина за тензиите се и несогласувањата на Харадинај со идејата на Тачи за корекција на границата со Србија.

Замерувајќи му на Тачи за тие изјави, Харадинај по денешната средба на новинарите им кажал дека „никој не е портпарол на Америка“.

„Ни претседателот ни кој било друг не е американски портпарол. Тие знаат што ние сакаме и бараме“, кажа Харадинај, кој и покрај инсистирањето на САД со закана за воведување санкции против Приштина, ако царините брзо не се суспендираат, и понатаму цврсто стои на ставот дека мерката останува сѐ додека Србија не ја признае косовската независност и не овозможи членство на Приштина во ОН.

Приштински Зери објави денес дека неиздавањето американска виза за Харадинај и откажувањето на посетата на командантот на Националната гарда на Ајова Тимоти Ор се првите знаци дека САД ќе воведат санкции поради одлуката на Приштина, како и дека тие санкции може да бидат проширени.

Тачи истакна дека евентуалните санкции од САД и ЕУ можат да се претпостават, дека не ја исклучува можноста за ускратување визна либерализација за граѓаните на Косово, ако останат царините против Србија.

Сепак, како што кажа, тој не сака да ја драматизира ситуацијата.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе