Јемен

„Темпирана бомба“: Напуштениот танкер во Црвено Море може да експлодира и да истури милион барели нафта во океанот

Напуштениот танкер со околу 1,1 милион барели нафта со години плута во Црвеното Море. Експертите предупредуваат дека може да дојде до експлозија, пренесе РТ.

Танкерот плови по бреговите на Јемен, и ако дојде до експлозија, ќе биде најголемата таква катастрофа во историјата. Во моментов, најголем проблем е дека Јемен е блокиран од војна во земјата, а до танкерот сакаат да дојдат и меѓународно признаената влада на Јемен, но и побунетите јеменски Хути.

Бродот се наоѓа на неколку километри од пристаништето Рас Иса во Црвено Море, а спротивставените страни за потенцијалната катастрофа се обвинуваат едни со други.

Експертите на ОН сакаат да извршат експедиција за да се провери состојбата на танкерот, бидејќи се претпоставува дека наскоро може да кородира, што би можело да доведе до излевање на големи количини нафта во морето, или уште полошо, до експлозија. Според хуманитарниот координатор на ОН, Марк Лавкок, минатата недела Хутите му го забраниле пристапот на стручниот тим на оваа организација, пренесе Гардијан.

Катастрофата која се заканува би загадила огромна област и би предизвикала сериозни последици за целиот екосистем. Количината на нафта што би завршила во море е четири пати поголема од еколошката катастрофа во 1989 година, кога се излеа британскиот танкер Ексон, која до денес се смета за најлоша катастрофа предизвикана од човекот во историјата на човештвото.

Во Црвеното Море живеат повеќе од 600 корални и рибни видови и други морски суштества. Сите видови би се соочиле со изумирање, предупредуваат експертите. Објавено е и видео кое укажува на опасноста од катастрофа.

Нафтата која се наоѓа на бродот вреди околу 80 милиони долари, а Хутите од јеменските власти бараат гаранција дека заработката од нафтата ќе им припадне нив.

Бродот не е во функција од март 2015 година, откако областа во која е закотвен е контролирана од бунтовниците Хути.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе