Најголемиот „магацин“ на мраз во светот

Температурата на Антарктикот се искачи над 20 степени за првпат во историјата

На Антарктикот за првап во историјата е забележана температура повисока од 20 Целзиусови степени, а научниците кои ги следат мерењата сметаат дека новиот рекорд е неверојатен и ненормален.

Бразилски научници на островот Симор забележале на 9 февруари 20,75 Целзиусови степени, што е за речиси степен повеќе од претходниот рекорд измерен на островот Сињи во јануари 1982 година, а изнесувал 19,8 Целзиусови степени, пишува Гардијан.

Што се однесува до континенталниот дел на Антарктикот, аргентинска истражувачка станица измерила на 6 февруари во базата Есперанца 18,3 Целзиусови степени, што е рекорд за таа област.

Овие рекордни мерења треба да ги потврди Светската метеоролошка организација, но се поклопуваат со трендовите забележани на Антарктикот, кој се загреа за речиси 3 Целзиусови степени во однос на прединдустриската ера. Тоа темпо на загревање се смета меѓу најбрзите на планетата.

Бразилските научници сметаат дека на тоа влијаат промените на океанските струи и климатската појава Ел Нињо.

Регионот на Антарктикот чува околу 70 отсто од свежата вода на планетата во облик на снег или мраз. Кога сето тоа би се стопило, нивото на морето би пораснало 50 до 60 метри, но тоа би траело неколку генерации.

Научниците на ОН предвидуваат дека океаните до крајот на овој век ќе бидат повисоки од 30 до 110 сантиметри, во зависност од резултатите на човечките напори да се намалат емисиите на гасови со ефект на стаклена градина кои ја загреваат Земјината атмосфера и од чувствителноста на ледената покривка.

Најмногу е погодена областа на антарктичкиот полустров кон Аргентина. Таму е видливо топењето на глечерите кои се повлекуваат повеќе од 100 метри во заливот Дискавери, како и големите соголени делови земја на местата каде што мразот се стопил за помалку од една недела. бидејќи во последните години температурите побрзо растат во текот на зимата, се верува дека таа појава влијае на драматичното намалување на колониите на пингвините кои зависат од мразот за живот. Тие колонии се се во најмала рака преполовени.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе