Телохранителите на Ким Џонг Ун го полираат возот во движење при пристигнувањето во Русија

Набљудувачите на пристигнувањето на возот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во Владивосток беа сведоци на необична сцена. Возот штотуку требаше да застане кога телохранителите на Ким излегоа на платформата за да ја исчистат вратата од која требаше да излезе нивниот лидер.

Облечени во црни деловни костуми и снежно-бели ракавици, атлетските Корејци трчаа веднаш до возот и френетично ги бришеа вратите на оклопниот воз со кој Ким пристигна на својот прв состанок со претседателот Владимир Путин.

Членовите од придружбата на Ким, исто така донесоа преклопни рампи за поврзување на возот со платформата, така што членовите на севернокорејската делегација да можат да излезат без никакви проблеми.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе