Телохранител на британскиот министер за надворешни работи заборавил наполнет пиштол во авион

Полицаец задолжен за обезбедување на британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб е суспендиран откако го заборавил својот наполнет пиштол во авионот со кој се враќал од САД, објавија денеска британските медиуми и полицијата.

EPA-EFE/ALAA BADARNEH

Оружјето, полуавтоматски пиштол Глок 19, го пронашол вработен во службата за одржување, во футрола на седиште на авионот на американската авиокомпанија Јунајтед ерлајнс, откако во петокот слетал на лондонскиот аеродром Хитроу, додава таблоидот Сан.

„Информирани сме за инцидентот што се случил на лет кон Велика Британија во петокот на 18 септември и сериозно му пристапуваме на случајот“, рече портпаролот на лондонската полиција.

„Полицаецот веднаш беше разрешен од должност додека трае истрагата за околностите на инцидентот“, додаде тој.

Министерот Доминик Рааб отпатува за Вашингтон во обид да ја намали загриженоста на американскиот партнер во врска со брегзит.

Во февруари, полицаец задолжен за обезбедување на поранешниот конзервативен премиер Дејвид Камерон го заборавил пиштолот и пасошот на премиерот во тоалетот на авионот, со што предизвикал паника.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALAA BADARNEH

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе