сабота, 13 декември 2025

Телефонски разговор на Додик со Лавров

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата на официјалната фејсбук страница на амбасада е наведено дека разговорот бил на иницијатива на Додик.

„Извршена е размена на мислења за имплементацијата на договорите направени по средбата на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и Милорад Додик во Москва во декември 2021 година. Зацртани се чекорите за интензивирање на напорите во таа насока“, се наведува во постот без да се објасни што точно Додик, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, и рускиот претседател договориле пред два месеци.

Додик во Москва престојуваше на почетокот на минатата година и таму се сретна со Путин, а по враќањето кажа дека рускиот претседател е одлично информиран за состојбата во БиХ и дека го интересирале детали за однесувањето на странските фактори, статусот на Република Српска, уставните решенија и развојот на заедничките економски проекти.

Во објавата на руската амбасада е наведено дека Лавров и Додик вчера ја потврдиле определеноста за строго спроведување на Дејтонскиот договор и потребата од „сузбивање на обидите“ да се менува за да им одговара на интересите на Европската Унија и НАТО, што автоматски би било спротивно на интересите на Република Српска.

Наведено е дека Додик „со разбирање“ ги примил објаснувањата на Лавров за причините на нападот на Русија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ