Телата на двете последни жртви во ерупцијата на Нов Зеланд може никогаш да не бидат најдени

Телата на двајцата загинати во ерупцијата на вулканот на новозеландскиот Бел Остров може никогаш да не бидат најдени, јави тамошната полиција.

Полицијата пред неколку дена ги објави имињата на двете жртви чии тела сѐ уште не се најдени – станува збор за 17-годишната Австралијка Винони Џејн Лонгфорд и 40-годишниот Новозеланѓанец Хајден Брајан Маршал-Инман.

Полицискиот командир Мајк Клемент кажа дека двете тела се во морето, но дека радарот и нуркачите не успеале да ги лоцираат.

Потрагата сега е проширена и надвор од областа на вулканскиот остров, а учествуваат и приватни и полициски хеликоптери.

Меѓутоа, неколку дена лошото време значително ги отежнува напорите и постои голема можност нивните тела никогаш да не бидат најдени.

„Не можеме со сигурност да потврдиме дека тие две тела некогаш ќе бидат најдени“, кажа Клемент.

Тој додаде дека му е исклучително жал што досега не можеле да најдат решение и дека се буквално оставени на милост и немилост на морето.

Во ерупцијата на вулканот на 9 декември на новозеландскиот Бел Остров животите ги загубија 18 луѓе, а 26 се сѐ уште во болница со тешки изгореници.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе