„Тела насекаде“: Пукањето на факултетот во Крим со одек на масакрот во Колумбајн (ФОТО+ВИДЕО)

Како секој нормален ден започнал и овој ден во кампусот на Политехничкиот факултет во градот Керч на Крим, но набрзо се претворил во хорор приказна, мрачно потсетувајќи на масакрот во Колумбајн, Колорадо од 1999 година.

Најмалку 19 лица го изгубија животот, а десетици студенти се повредени од рацете на Владислав Росљаков.

Додека се одвивала драмата, конфликтни информации се појавуваа на интернет. Првично беше информирано дека експлозија од гас одекнала во внатрешноста на зградата,  потоа полицијата објави дека „неидентификуван експлозивен уред“ одекнал во внатрешноста на кантината на првиот кат на факултетот. Па се прошири веста дека властите го третираат инцидентот како можен терористички напад, за подоцна да ја сменат класификацијата од терористички напад во повеќекратни убиства, пренесе РТ.

Само едно лице досега се смета за одговорно за убиствата, но во паниката и конфузијата на настанот, луѓето верувале дека виделе повеќе од еден убиец. Иследниците не ја отфрлија можноста за повеќе убијци.

Слики од камерите за надзор се појавија на каналот Меш Телеграм. На нив се гледа како млад човек, облечен во бела маица со црн текст, држејќи голема пушка се симнува по скалите. На Твитер веднаш започнаа споредбите со масакрот во Колумбајн. Неговата облека во голема мера наликува на онаа на Ерик Харис, еден од двајцата ученици кои убија 13 лица и повредија 24 со пиштоли и ножеви во средното училиште во Колорадо пред речиси 20 години.

Лицето набрзо е идентификувано како Владислав Росљаков - 18-годишен студент на факултетот, за кого полицијата извести дека се застрелал себеси на вториот кат од зградата откако завршил со дивеењето.

Откриено е дека пред повеќе од еден месец, на 8 септември, Росљаков добил дозвола за 12 калибарска пушка. Тој купил 150 парчиња муниција за оружјето само неколку дена пред маскарот на факултетот каде уби 19 лица.

Неговите соученици го опишаа како тивок, затворен, некомунитативен и заинтересиран за манијаци и сериски убијци, додавајќи дека неговите родители се развеле неодамна. Тој и неговата мајка го напуштиле татко му и живееле заедно во изнајмен стан.

Во суровата пресвртница на судбината, некои руски медиуми објавија дека Галина Росљакова, мајката на убиецот, медицинска сестра која работи во Центарот за онкологија во Керч, била таму за да прима пациенти ранети од нејзиниот син.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе