Техеран тврди дека иранскиот танкер ја истоварил нафтата на брегот на Медитеранот (ВИДЕО)

Иранскиот танкер кој е во центарот на спорот меѓу Техеран и западните сили го испрачал својот товар откако се вкотвил на средоземниот брег, го пренесува соопштението на портпаролот на иранското министерство за надворешни работи државната новинаска агенција ИРНА.

„Нафтениот танкер Адријан Дарја 1 конечно се вкотви на средозмениот брег... и го истовари својот товар“, ја пренесе ИРНА изјавата на портпаролот Абас Мусави.

Танкерот Адријан Дарја 1, кој минатата недела ја прекина комуникацијата кај брегот на Сирија, го фотографираше сателит кај сириското пристаниште Тартус. Танкерот претходно беше задржан од Гибралтар поради наводно кршење на санкциите против Сирија.

Иран на крајот на август објави дека ја продал нафтата на танкерот Адријан Дарја 1 и дека купувачот ќе ја одлучи дестинацијата на товарот.

Бродот, кој претходно се викаше Грејс 1, го заплени британската морнарица кај Гибралтар на 3 јули под сомнеж дека вози нафта во Сирија, кршејќи ги санкциите на ЕУ.

Два дена подоцна Иран во знак на одмазда заплени танкер кој пловеше под британско знаме во Ормускиот теснец.

Гибралтар го ослободи иранскиот танкер на 15 август откако доби гаранции од Техеран дека бродот нема да ги истовари 2,1 милион барели нафта во Сирија.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе