Се огласи и Иран

Техеран: Сменувањето на Болтон е знак за неуспех на американската кампања против Иран

Сменувањето на американскиот советник за национална безбедност Џон Болтон е „јасен знак“ дека е неуспешна американската кампања за санкционирање на Иран, оцени синоќа висок ирански функционер.

„Отпуштањето на Болтон не е случајност, туку јасен знак за неуспех на стратегијата на максимален притисок од Америка“ против Иран, напиша на Твитер Хесамедин Ашена, советник на иранскиот претседател Хасан Рохани.

Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти Болтон, а во пораката на Твитер рече дека не се согласува со многу негови предлози.

Односите меѓу САД и Иран се особено затегнати уште од минатата година кога Трамп одлучи дека неговата земја треба да се повлече од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма и да ги врати санкциите кон Иран.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе