Техеран: На раб на војна сме со своите непријатели

Иранската воена команда објави вчера дека Иран е на раб на отворен судир со своите непријатели, но дека е спремен да се справи со каква било закана.

„Подготвеноста на иранската одбранбена војска е на највисокот ниво и е спремна да се спротивстави на каква било закана и претерани барања“, изјави министерот за одбрана Амир Хатами за новинската агенција ИРНА. Тој истакна дека Иран ќе го порази американско-израелското сојузништво.

Соединетите Американски Држави испратија дополнителни воени сили на Блискиот Исток, вклучувајќи носач на авиони, бомбардери Б-52 и ракетни системи „патриот“ поради, како што тврди американската администрација, иранските закани за нивните трупи и интереси во регионот.

Командантот на иранската Револуционерна гарда кажа дека се „на раб на отворен конфликт со своите непријатели“, пренесува новинската агенција Фарс.

Генералот Хосеин Салами, кој беше именуван за командант минатиот месец, додаде: „Ова е историски момент, одлучувачки за исламската револуција бидејќи непријателите тргнаа во судир со нас со полн капацитет“.

Висок ирански функционер вчера за Ројтерс кажа дека Техеран е спремен за секакво сценарио „од конфликт до преговори“ и дека Соединетите Држави не можат да си дозволат уште една војна на Блискиот Исток.

Израел ќе застане со САД во конфликтот со Иран, порача во вторникот израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Обединети сме во намерата да ја сопреме агресијата на Иран. Израел, сите земји од регионот и сите оние земји кои бараат мир во светот, треба да се здружат со Соединетите Држави против агресијата на Иран“, кажа Нетајаху.

Стејт департментот нареди вчера повлекување на најголемиот дел американски персонал од дипломатските претставништва во Ирак поради растот на тензиите меѓу Вашингтон и Техеран. Оваа наредба беше дадена откако во вторникот американската Централна команда ги стави своите сили на висок степен на готовност поради „реалните закани“ од иранските сили и силите поддржани од Иран во Ирак.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе