Тедрос: Нема опуштање во однос на ковидот

Шефот на Светската здравствена организација синоќа ги повика земјите да продолжат да ги следат инфекциите со коронавирус, велејќи дека светот е „слеп“ за тоа како се шири вирусот поради падот на стапките на тестирање.

Фото: ЕПА

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, синоќа ги повика сите земји да не се опуштаат кога станува збор за ковидот, нагласувајќи дека поради малиот број тестови, не може да се види како се шири вирусот.

„Бидејќи многу земји го намалуваат тестирањето, СЗО добива сѐ помалку информации за преносот и секвенционирањето“, рече Тедрос на прес-конференција во Женева.

Тој рече дека тоа ги прави сите „слепи“ за моделите на пренос и еволуција.

„Стапките на тестирање опаднаа за 70 до 90 отсто“, рече Бил Родригез, главен извршен директор на ФИНД, глобална група за помош што работи со СЗО на проширување на пристапот до тестирање.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе