Млад српски демонстрант

„Тато, ова е за тебе, затоа што умре, а немаше респиратор“ (ВИДЕО)

Новинарка на телевизијата Н1 синоќа пред српскиот парламент ја сними потресната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот мајданпечки уметник Љубиша Ѓуриќ, кој почина од последиците на коронавирусот.

Одговарајќи на нејзиното прашање зошто не се откажува од протестот, тој рече дека е таму поради неговиот татко, кој починал во болницата во Земун затоа што немало респиратор.

Новинарката на Н1 ги анкетираше учесниците на протестот пред српскиот парламент, прашувајќи ги околу полноќ зошто не се откажуваат од протестот, кога Ѓуриќ ѝ пријде и во преносот во живо одговори дека е таму заради неговиот татко, кој неодамна починал.

„Солзавец, боева муниција, пендреци, сè против голораката младина. Тато, ова е за тебе, кој почина, а немаше респиратор, тато, многу те сакам. И за мојот син што се роди“, рече младиот човек во еден здив.

На прашањето од што починал неговиот татко, младиот човек одговори:

„Немаше респиратор, и до денес немам добиено тест дека умрел од корона. Значи, немаше респиратори во болницата во Земун, а на цел глас зборуваа дека ние подаруваме респиратори. Знам дека тој би се гордеел со мене“, изјави младиот човек за Н1.

Иницијативата „Да не го давиме Белград“ на социјалните мрежи објави постер за поддршка на младиот човек, кој веќе стана еден од симболите на протестот.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе