Откриен мотивот за трагедијата

Таткото-убиец во Загреб раскажа зошто си ги убил трите деца

Харалд Копиц, монструмот што ноќта помеѓу петокот и саботата ги уби своите три деца, веднаш потоа беше уапсен од полицијата. Индекс дознал што кажал Копиц во клиничкиот центар каде што бил примен откако се обидел да изврши самоубиство таа ноќ.

Фото: Инстаграм

Австриецот што во Загреб си ги уби трите деца, седумгодишни близнаци и четиригодишно момче, дури вчера во болницата прозборувал за своите мотиви за монструозното злосторство. Пред тоа, лекарите не успеаја да разговараат со него, пишува Индекс.

Копиц во болницата рекол дека му е тешко, па додал дека му е жал што сѐ уште е жив.

Рекол дека долго време е без работа и дека се јавувал кај пријатели и се обидувал да најде работа, но безуспешно. Тој, исто така, рекол дека киријата за станот му истекла и дека веќе немал каде да оди.

Копиц во болницата рекол дека поради тоа, одлучил да си го одземе животот, а пред тоа и животите на децата, „за да не биде сам, туку децата да бидат со него кога ќе умре“.

На децата им дал апчиња за спиење, а потоа ги задушил

Истражителите прво веруваа дека Копиц ги задушил децата, но потоа беа поуверени во верзијата дека убиецот прво ги зашеметил децата со апчиња, а потоа ги задушил. Копиц во болницата ја кажал токму втората верзија на настаните.

Обдукцијата на телата на убиените деца е готова, но се прават дополнителни токсиколошки прегледи со цел да се утврди како се убиени децата, со труење со апчиња или со гушење.

Легенда под Главна слика

Фото: Инстаграм

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе