Таткото на Борис Џонсон отишол во Грција и покрај препораката на британската влада и забраната од Грците

Таткото на британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со критики поради тоа што отпатувал во Грција и покрај препораката на британската влада нејзините граѓани да не патуваат во странство и грчката забрана за летови од Британија.

Вчера Стенли Џонсон на Инстаграм објави снимка од авионот со зборовите: „Пристигнување во Атина вечерва!“, како и фотографија од аеродромот каде што носи маска.

Постариот Џонсон (79) има вила во Грција.

Грција ги забрани летовите од Велика Британија до 15 јули, а Британија денес возврати со воведување 14-дневен карантин за сите што ќе долетаат од Грција.

Дејли мејл објави дека Стенли Џонсон до Атина летал преку Бугарија, а тој за весниците рече дека е во посета на Грција поради обврски со оглед на претстојната сезона на изнајмување.

„Морам да ги одредам мерките за дистанцирање на имотот затоа што тука тие многу сериозно го сфаќаат тоа“, рече Џонсон.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе