Танкерот нафтата сепак ја достави во Сирија, итно повикан иранскиот амбасадор

Властите во Лондон велат дека запленетиот ирански танкер сепак ја испорачал нафтата до режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, прекршувајќи го ветувањето.

Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, го обвини Иран дека со ова го прекршил ветувањето дека нафтата од танкерот нема да ѝ ја достави на Сирија, пренесе Ројтерс.

Затоа, Велика Британија го повика иранскиот амбасадор за да се жали на ова „очигледно кршење на гаранциите дадени претходно“.

„Оваа продажба на нафта на бруталниот режим на сирискиот претседател е дел од вообичаеното однесување на иранската влада, чија цел е нарушување на регионалната безбедност“, се вели во соопштението.

Танкерот е во центарот на конфликтот меѓу Иран и Западот, откако во јули беше запленет во Гибралтар под сомнение дека превезува нафта во Сирија, со што се кршат меѓународните санкции.

Беше ослободен со ветување дека нема да ја достави нафтата во Сирија, но откако исплови од Гибралтар не беше сосема јасно во која насока оди, дали кон Грција, Турција или Либија, па дури некое време и исчезна од радарот на наутичките служби.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе