„Најверојатно упатени кон Рашка“

Танјуг: Воени возила излегоа од касарната во Краљево

Воени возила, со опрема и војска, излегоа од касарната во Краљево и се упатија кон Рашка, објави Танјуг.

Од касарната на Армијата на Србија во Краљево, нешто пред 14 часот, почна да излегува колона од воени возила, полни со луѓе и опрема.

Непосредно пред да тргне колоната, во касарната пристигнал српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, извести Танјуг.

Колоната најверојатно се движи кон Рашка.

Танјуг објави и дека еден миг 29 ниско го надлетувал Нови Пазар, во правец на Копнената зона на безбедност.

Српскиот претседател Александар Вучиќ како врховен командант нареди целосна борбена и боева готовност на српската војска утрово, откако специјалните единици на косовската полиција упаднаа на северот на Косово и апсеа Срби.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе