Во градот Чарикар во провинцијата Парван

Талибанците тврдат дека упаднале во засолниште на ИСИС и убиле и заробиле повеќе милитанти

Талибанците денес упаднале во засолниште на терористичката група Исламска држава (ИСИС) северно од Кабул каде убиле и заробиле милитанти, соопшти нивниот портпарол Билал Карими, не наведувајќи го точниот број.

EPA-EFE

Портпаролот на талибанците кажа за Асошиејтед прес дека рацијата се случила во градот Чарикар во провинцијата Парван.

Неговата изјава не може да се провери, наведува АП.

Рацијата следела откако талибанците уапсила двајца припадници на ИСИС поврзани со бомбашки напад врз возило на талибанците во кој биле ранети четворица борци, кажал Карими.

Двајцата заробени милитанти биле испрашани, а информациите кои ги дале им помогнале на талибанците да дојдат до засолништето.

Припадниците на ИСИС се главно лоцирани во источната провинција Нангархар, но ги засилија нападите низ Авганистан кога талибанците ја преземаа власта во земјата.

Неколку талибански милитанти беа убиени во напади на Исламска држава во главниот град на провинцијата Џалалабад.

Нангархар е главното упориште на ИСИС, ривалска група на талибанците, која ја презема одговорноста за низа тешки напади во последните години, вклучувајќи го нападот на аеродромот во Кабул на 26 август во кој беа убиени над 100 луѓе.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе