Талибанците тврдат дека нашле 12,3 милиони долари кај бивши функционери

Кај поранешни авганистански функционери се пронајдени околу 12,3 милиони долари во готовина или во златни прачки, соопшти денеска авганистанската централна банка, еден месец откако талибанците ја презедоа власта, обвинувајќи ја поранешната влада за корупција и фалејќи ја својата транспарентност.

Фото: ЕПА

„Пронајдените пари доаѓаат од високи поранешни владини претставници како Амрулах Салех (поранешниот потпретседател) и некои безбедносни агенции, кои чувале пари или злато во своите простории“, се вели во соопштението на авганистанската централна банка.

Исламскиот емират, како што талибанците го нарекуваат Авганистан, пренесе сѐ во „националната каса“ во име на „транспарентноста“, се наведува во текстот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе