Талибанците тврдат дека контролираат 90 проценти од границите на Авганистан

Талибанците соопштија дека контролираат 90 проценти од границите на Авганистан, каде што спроведуваат офанзива, и тоа со Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Иран.

EPA-EFE/AKHTER GULFAM

„Под наша контрола се авганистанските граници со Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Иран, околу 90 проценти од границите“, изјави за РИА Новости високиот талибански функционер Забихулах Муџахид.

Талибанците водат офанзива против авганистанските сили од мај, додека меѓународните сили се повлекуваат од земјата, операција што треба да заврши до крајот на август.

Во меѓувреме, тие окупираа големи рурални области, како и неколку клучни гранични премини и ги опколуваат големите градови.

Без клучна поддршка од САД, авганистанските сили пружаат слаб отпор.

Претходно во јули, талибанците тврдеа дека заземале 85 проценти од територијата на Авганистан, што владата го оспорува и не може независно да се провери.

Талибанската офанзива ги загрижува пограничните земји, особено Таџикистан, кој со Авганистан дели граница подолга од 1.200 километри.

Таа авторитарна земја од централна Азија ја мобилизираше целата своја армија во четвртокот на изненадна вежба за борбена готовност.

Заеднички воени вежби со Русија и Узбекистан се закажани за август на авганистанската граница.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/AKHTER GULFAM

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе