Талибанците со огромна брзина го освојуваат Авганистан: „Кабул би можел да падне за 90 дена“

Талибанците би можеле да го изолираат Кабул за еден месец и да го освојат за 90, изјави претставник на американската одбрана за Ројтерс, повикувајќи се на разузнавачка проценка.

Фото: ЕПА

Талибанците освоија осум покраински главни градови во Авганистан за шест дена, со брзина што ги изненади американските власти.

Талибанците сега контролираат 65 проценти од авганистанската територија и се закануваат дека ќе освојат уште 11 провинциски центри, изјави во вторникот европски претставник.

Американската разузнавачка заедница до минатиот месец предупредуваше дека авганистанската влада би можела да падне за помалку од шест месеци.

Американски официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека новата проценка е направена откако талибанците освоија големи делови од Авганистан со изненадувачка брзина.

„Но, тоа не е конечниот заклучок“, рече тој, нагласувајќи дека авганистанските сили имаат шанса да го запрат талибанскиот продор.

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот изјави дека не жали за одлуката за повлекување на американската војска од Авганистан по повеќе од 20 години, велејќи дека авганистанската војска има многу повеќе војници од талибанците и дека треба да сакаат да се борат.

САД ги повлекоа сите војници од Авганистан, освен оние што ја штитат американската амбасада и аеродромот во Кабул. Воената мисија таму официјално завршува на 31 август.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе