Талибанците со Лавров разговараа за иднината на Авганистан

Талибанската делегација разговараше за регионалната стабилност и иднината на Авганистан со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, потврди вчера портпаролот на Министерството за надворешни работи на Авганистан, Абдул Кахар Балки.

Фото: ЕПА

„Денес делегацијата на Исламскиот емират Авганистан, предводена од вицепремиерот на привремената влада, Мула Абдул Салам Ханафи, се состана со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и со неговата делегација. Страните водеа значајни разговори за конструктивните односи меѓу Кабул и Москва, регионалната стабилност и за подобра иднина за Авганистан“, напиша портпаролот на Твитер.

Претходно ТАСС објави дека Лавров се среќава со делегација на талибанците во пресрет на преговорите за Авганистан во рамките на „Московски формат“.

Министерот за надворешни работи на Русија вчера апелираше за меѓународна помош за Кабул, по отворањето на меѓународната конференција за Авганистан во „Московски формат“, на која талибанците се појавија за прв пат откако во август ја презедоа власта.

Пакистан, Кина, Иран, Индија и поранешните советски држави од Централна Азија им се придружија на талибанските претставници на состанокот во Москва, но претставниците на САД не се појавија, поради, како што наведоа, технички причини, пренесува Ројтерс.

Во Москва вчера се одржа третата сесија консултации во „Московски формат“ за ситуацијата во Авганистан, на која учествуваат претставници на Авганистан и 10 соседни земји.

„Московски формат“ беше воспоставен во 2017 година врз основа на шестстран консултативен механизам меѓу претставниците на Русија, Авганистан, Индија, Иран, Кина и Пакистан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе