Талибанците се согласија децата во Авганистан да бидат вакцинирани против детска парализа

Талибанското водство се согласи да продолжи вакцинацијата против детска парализа во Авганистан, според планот „од врата до врата", соопштија денеска заедно СЗО и УНИЦЕФ.

Фото: ЕПА

Тоа ќе биде прва кампања за вакцинација по повеќе од три години и ќе ги опфати сите деца во Авганистан, вклучувајќи повеќе од 3,3 милиони деца на кои им бил оневозможен пристапот во некои делови на земјата.

Вакцинацијата започнува на 8 ноември.

Во претходните години, тимови за вакцинација во области под контрола на талибанците постојано наидувале на потешкотии и пречки, бидејќи талибанците ги обвинувале лекарите дека се шпиони кои собираат податоци за нивните борци.

Талибанските лидери ветија дека ќе им дозволат на жените да работат во кампањата за вакцинација и дадоа гаранции за безбедноста на сите здравствени работници низ целата земја.

Во јуни, пет членови на медицински тим што вакцинирал деца против детска парализа биле убиени во источен Авганистан.

Авганистан и Пакистан се меѓу ретките земји каде детска парализа е сè уште присутна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе