Со огнено оружје ги нападнале авганистанските безбедносни сили

Талибанците се обиделе да го заземат Газни, најмалку 14 полицајци се убиени

Талибанците утринава се обиделе да го заземат Газни, а пред да бидат протерани од градот во источниот дел на Авганистан, талибанските борци успеале да убијат најмалку 14 полицајци, и повредиле најмалку 20 припадници на безбедносните сили, според авганистанските власти.

Талибанците во текот на ноќта се криеле во куќи пред околу 02:00 часот да излезат на улиците и со огнено оружје да ги нападнат авганистанските безбедносни сили, подметнале пожари во неколку продавници во Газни.

По одбиениот напад, полицијата спровела претрес на куќите во потрага по преостанатите талибански борци.

На улиците на Газни се видени тела на неколку талибанци, а под мостот на периферијата на градот најде телото 39 талибански борци.

Талибанците претходно соопштија дека зазеле одделни делови на Газни и дека има 140 загинати или ранети од непријателските сили.

Талибанците често ги преувеличуваат своите постигнувања на боиштата а ги минимизираат загубите.

Во друг напад од талибанците, кој ноќеска се случил во провинцијата Херат во западниот дел на Авганистан, убиени се шест полицајци.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе