Црно-белото знаме и на хеликоптер

Талибанците парадираа со американски воени возила (ВИДЕО)

Талибанците денес по градот Кандахар на југот на Авганистан, древната колепка на тоа исламистичко движење, организираа парада со воената опрема која САД ѝ ја даде на претходната влада на таа земја.

EPA-EFE

Талибанците во блиц поход ја заземаа земјата и главниот град Кабул на 15 август, владата поддржана од меѓународните сили се распадна, а американските и другите војници го забрзаа планираното конечно заминување од земјата.

Американски хамви џипови со бавно возење минаа по големиот пат кај Кандахар, вториот по големина град во Авганистан. На многу од нив беше закачено црно-белото талибанско знаме.

Милитантите седеа зад командите на камионите кои ги користеа американските, НАТО и авганистанските сили за време на 20-годишниот конфликт, додека други влегуваа во тие возила во периферијата на Кандахар.

Најмалку еден хеликоптер „блекхок“ бил виден како го надлетува градот, што наведува дека поранешен пилот на авганистанската војска го управувал.

Кандахар е колепка на талибанците. Тие во 1996 година тргнаа од главниот град на југот на Авганистан пред брзо да го освојат остатокот од земјата каде беа на власт до 2001, кога беа урнати од инвазијата на САД.

Во тој град живее Хабатулах Акундзада, лидерот на талибанците.

Уште вчера илјадници поддржувачи на талибанците излегле на улиците на Кандахар, со извици „Алаху акбар“ (Бог е голем) поздравувајќи го заминувањето на последните американски војници од Авганистан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе