Си-ен-ен

Талибанците осудија на смрт брат на Авганистанец кој преведувал за Американците

Талибанците осудија брат на авганистански преведувач на смрт, обвинувајќи го дека им помагал на САД и дека го штител својот брат, кој бил преведувач на американските војници, пишува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

„Обвинети сте дека сте им помагале на Американците“, напишале талибанците во првото од трите писма до Авганистанецот, додавајќи: „Обвинети сте и дека сте го штителе својот брат кој бил преведувач“.

Во првото писмо на талибанците, што го напишале рачно, му наредиле на Авганистанецот да се појави на сослушување. Во второто писмо, исто така рачно напишано, тој добил известување дека не дошол на сослушувањето.

Писмата се само еден пример како талибанците директно им се закануваат на Авганистанците кои соработувале со Соединетите Држави или на членовите на семејството на оние што тоа го правеле.

Во третото писмо, напишано на машина за пишување, талибанците го известиле човекот дека бидејќи ги отфрлил претходните предупредувања да престане „со својата служба за освојувачите-крстоносци“ и ја игнорирал поканата да се појави на рочиштето, бил прогласен за „виновен во отсуство“ и дека ќе биде осуден на смрт.

„Овие судски одлуки се конечни и нема да имате право на приговор. Сами го избравте овој пат“, пишува во третото писмо.

Писмата се контрадикторни со уверувањата на талибанскиот портпарол Забиула Муџахид, кој минатата недела на прес-конференција рече дека никој нема да биде повреден.

„Никој нема да биде повреден во Авганистан. Постои огромна разлика помеѓу нас сега и нас пред 20 години“, рече Муџахид.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе