Талибанците од претседателската палата прогласија: „Војната во Авганистан е готова, муџахедините победија“ (ВИДЕО)

Десетици талибански борци ја зазедоа претседателската палата во Кабул и прогласија победа над авганистанската влада, покажуваат телевизиските снимки. „Нашата земја е ослободена и муџахедините се победници во Авганистан“, рече од палатата еден бунтовник за телевизијата Ал џезира.

Фото: Твитер

Додека талибанските милитанти слободно шетаат низ претседателската палата во Кабул, групата прогласи победа во својата дводецениска борба.

Говорејќи за ТВ Ал џезира од палатата во неделата вечерта, портпаролот на талибанците Мохамед Наим објави дека војната за Авганистан е завршена, наведувајќи дека исламистичките милитанти ја постигнале својата цел да обезбедат „слобода на нашата земја и независност на нашиот народ“.

Талибанците мирно влегоа во Кабул и од претседателската палата рекоа дека победиле и ја презеле власта во Авганистан.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани, кој претходно ја напушти земјата откако талибанците побараа владата безусловно да ја предаде власта, призна дека талибанците победиле, наведувајќи дека тој заминал за да избегне крвопролевање. Според неименувани извори, неговите најблиски соработници ја напуштиле земјата со него.

Персоналот на амбасадите на Соединетите Држави и на Европската Унија се обидува да се пресели на сигурно, како и многу авганистански цивили.

Талибанците претходните денови ги окупираа клучните авганистански провинции и градови и според најавите на неименувани талибански функционери, тие наскоро ќе прогласат Исламски емират на Авганистан.

Авганистанскиот портпарол и преговарач рече дека групата, во која тој е член, води преговори насочени кон формирање „отворена, инклузивна исламистичка влада“ во земјата.

Сухаил Шахин зборуваше за АП откако талибанците за само неколку дена окупираа поголем дел од земјата и влегоа во главниот град Кабул, додека САД брзаат да ги повлечат своите дипломати и други цивили.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе