Талибанците не сакаат да се согласат на договор со авганистанската влада, војната продолжува

Авганистанската влада и талибанците не можат да се договорат околу основните прашања по еднонеделните преговори за ставање крај на долгогодишната војна во која се убиени десетици илјади луѓе.

EPA-EFE/JALIL REZAYEE

Несогласувањето, не само во врска со прекинот на огнот, туку и за основните прашања, не остава многу надеж за зацелување на раните на земјата уништена од војната.

И покрај тешкотиите, последните преговори се резултат на договорот меѓу талибанците и САД од февруари со кој се предвидува постепено повлекување на странските сили.

Но, талибанците не сакаат да се согласат на прекин на огнот и војната продолжува. Околу 40 лица се убиени во нападите на талибанците минатата недела.

Од почетокот на преговорите на 12 септември во Доха, на кој присуствуваше и американскиот државен секретар Мајк Помпео, двете страни потврдија само дека имаат дијаметрално спротивни ставови за секое прашање.

„Разговараме со страна која е тешка и нефлексибилна и затоа нема напредок“, рече преговарачот на авганистанската влада.

Двете страни ќе мора да решат низа различни прашања за да постигнат мир, од легитимноста на владата во Кабул до правата на жените.

„Првата недела покажа колку комплексни ќе бидат разговорите, а најважните ќе бидат оние за идниот политички систем на Авганистан“, рече Греам Смит, независен аналитичар, кој внимателно ги следи мировните преговори во Авганистан.

Жените би можеле да бидат првите жртви на преговорите доколку владата дозволи да им бидат одземени правата за да им удоволи на талибанците, стравуваат некои активисти.

Тројца дипломати кои ги надгледуваа преговорите за Ројтерс изјавија дека преговорите заглавиле на шеријатскиот закон. Владата и талибанците значително различно го толкуваат тој закон, рече западен дипломат во Доха, кој сакал да остане анонимен поради чувствителноста на преговорите.

Тие имаат различни ставови за казнување на злосторства, правата на жените и слободата на говорот.

Портпарол на претседателот Ашраф Гани ги критикуваше талибанците дека уште во рана фаза на новите преговори инсистираат на расправа за политичкото уредување во земјата.

„Ова не е во согласност со желбата на нашиот народ за траен мир и сегашниот политички систем во Авганистан, исламска република која ужива легитимитет“, рече Седик Седики.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/JALIL REZAYEE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе