Талибанците наредија телевизиските водителки да си ги покриваат лицата

Талибанците им наредија на новинарките во сите авганистански медиуми дека мораат да ги покриваат лицата кога ќе се појават на телевизија, објавија локалните медиуми во четвртокот. Големата авганистанска медиумска куќа Толо-њуз ја објави веста на својот официјален профил на Твитер.

Фото: ЕПА

Веста за ДПА ја потврдија неколку новинари и продуценти од Кабул. Талибанците ги информираа сите телевизиски станици дека новата наредба е конечна и дека „не е за расправа“, објавија медиумите. На социјалните мрежи се шират фотографии од водителки со покриени лица.

Еден од тамошните ТВ продуценти рече дека според новата наредба, лицата на водителките мора да бидат покриени „така што ќе им се гледаат само очите“. Талибанците сè уште не издале јавно соопштение во врска со наредбата, која следеше набргу откако го воведоа правилото дека жените мора да го покриваат лицето на јавно место.

Откако се вратија на власт, талибанците систематски ги кршат човековите права во земјата и наметнаа сериозни ограничувања за медиумите. Имаше повеќе случаи на тепање и притворање на новинари поради извршување на нивната работа, а на девојките и жените им се одземени бројни права, вклучително и правото на образование, работа и движење.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе