Талибанците нападнаа контролен пункт, убиени најмалку 14 провладини борци

Талибанците нападнаа контролен пункт во западната провинција Херат и убија најмалку 14 провладини борци, соопштија денеска авганистанските власти.

Портпаролот на полицијата изјави дека седум борци биле повредени во синоќешниот напад и дека кај талибанците исто така имало жртви, но не го прецизираше нивниот број.

Во друг инцидент во Џалалабад, провинција Нангарар, убиен е универзитетски професор, а двајца се повредени кога експлодирала бомба поставена на нивниот автомобил.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот во Херат, но за експлозијата во Џалалабад засега никој не го стори тоа. Во провинцијата Нангарар се активни и талибанците и локалниот разгранок на Исламската држава.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе