Талибанците ја пренаменија зградата на министерството за жени во седиште на верската полиција

Талибанците ја пренаменија зградата во Кабул, во која се наоѓаше Министерството за женски прашања на Авганистан, во канцеларии на верската морална полиција односно на „Министерството за спречување пороци и промовирање доблести" со цел да се наметне ригидното толкување на исламот.

Фото: ЕПА

Овој потег е последен во серијата што го прикажува враќањето на талибанците на политиката на строго ограничување на правата на жените и нивно исклучување од јавниот живот, што ја спроведуваа во 90-тите години кога владееја со Авганистан.

Талибанците од новото министерство изјавија дека не биле информирани каде ќе биде новото министерство за жени.

Кога ја објавија привремената влада на 7 септември, Талибанците не го спомнаа министерството за жени, но не рекоа ниту дека ќе го укинат.

Денес, и персоналот од Програмата за економско зајакнување на жените и рурален развој на Светска банка бил испратен од терен.

Членот на програмата Шариф Актар не можеше да објасни како и дали програмата може да продолжи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе