Талибанците им забранија на таксистите да возат жени без хиџаб и машка придружба

Талибанската верска полиција во Авганистан им нареди на сите таксисти во Авганистан да не пуштаат музика во автомобилот и да не превезуваат жени без хиџаб и без машка придружба доколку патувањето е подолго од 72 километри.

Фото: ЕПА

Водичот се наоѓа на советодавен памфлет дистрибуиран од талибанците. Портпаролот на Министерството за унапредување на доблестите и спречување на пороците, Мухамед Садик Акиф, во неделата за Дпа ја потврди автентичноста на упатствата.

Министерството бара од возачите да не превезуваат жени до дестинација оддалечена повеќе од 72 километри доколку не се придружувани од маж.

Возачите, исто така, се замолуваат да прават паузи за молитва, додека ги советуваат и да пуштат брада.

Универзитетскиот професор Харун Рахими ја критикуваше директивата на талибанците, велејќи дека таксистите ќе бидат во позиција да ги наѕираат телата на жените и нивните движења, создавајќи можности за вознемирување и правејќи ги јавните простори небезбедни за жените.

„Муслиманките се научнички, тие се на важни позиции во различни индустрии и тие се политички лидери низ целиот свет“, напиша Рахими на Твитер.

Тој и други службеници од Американскиот универзитет во Авганистан во почетокот на оваа година беа евакуирани од земјата.

„Авганистанските жени треба да ги следат нивните стапки“, рече тој.

Откако ја презедоа контролата врз Авганистан, талибанците значително ги намалија правата на жените. Во многу случаи, жените не можат да се вратат на своите работни места, а повеќето женски средни училишта се затворени.

Протестите на женските активистки беа насилно задушени. Минатата недела властите почнаа да ги отстрануваат сликите на жени во рекламите во главниот град Кабул.

Талибанското Министерство за пороци и доблести постоеше во 1990-тите, кога талибанците првпат владееја со земјата, и тоа е озлогласен симбол на произволно кршење на човековите права, јавно тепање или затворање.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе