Талибанците го нападнаа аеродромот во Кандахар во Авганистан, погоден со неколку ракети

Аеродромот во авганистански Кандахар беше цел на ракетен напад, поради што беа откажани сите летови, додека во предградието на градот се засилија борбите со талибанците, кои сакаат да си го вратат некогашното упориште.

Фото: ЕПА

Најмалку три ракети беа лансирани денеска кон аеродромот, при што два проектили ја погодија пистата, рече шефот на аеродромот Масуд Паштун, цитиран од АФП.

Нападот ја оштетил пистата, по што работата на аеродромот беше прекината. Сите летови беа откажани, но се очекува да продолжат во текот на денот, рече официјалниот претставник.

Талибанците ја засилија офанзивата врз главниот град на јужната провинција Кандахар, која се смета за родно место на исламистичкото движење. Групата доживува воскреснување, откако почна да освојува територија кога американските војници во почетокот на јули ја напуштија воздухопловната база Баграм, нејзиниот главен аеродром во земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе