Талибанците бараат помош од светот, велат не се терористи

Портпарол на талибанците во северниот авганистански град Кундуз ја повика меѓународната заедница да ја засили помошта за земјата, додавајќи дека исламистичките милитанти не се терористи.

Фото: ЕПА

Покраинскиот портпарол Матиула Рухани рече дека помошта може да биде во облик на инвестиции, проекти за реконструкција „или каква било хуманитарна поддршка на владата или на граѓаните на Авганистан“, рече тој за дпа во Кундуз, во барање упатено до „целата меѓународна заедница, вклучително и Германија “.

Талибанците „многу би ја поздравиле“ помошта, рече тој.

Талибанците го зазедоа Кундуз на 8 август, во еден од серијата брзи продори благодарение на кои групата ја преземе контролата врз целата земја.

Последните американски војници го напуштија Авганистан кон крајот на август, означувајќи го крајот на воената мисија која траеше речиси две децении.

Рухани ја критикуваше меѓународната заедница за поддршката на, како што рече, „корумпираната влада“ на Авганистан во изминатите 20 години, но ја прекина својата помош кога талибанците дојдоа на власт.

Талибанците донесоа мир во Авганистан, рече тој, додавајќи: „Ние не сме терористи“.

Владите ширум светот проценуваат како најдобро да се справат со талибанците, имајќи ги предвид извештаите за нивните прекршувања на човековите права, истовремено фокусирајќи се и на ублажување на сè потешката хуманитарна катастрофа во земјата.

За време на владеењето на талибанците помеѓу 1996 и 2001 година, милитантната група спроведуваше строг исламистички начин на живот и целосно им забрани на жените да работат и да учат надвор од домот.

Рухани одби да ја коментира контроверзната политика на талибанците кон жените, тој само рече дека Талибанците ги ценат сите граѓани, и жените и мажите, подеднакво.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе