Талибанците бараат да се обратат до Генералното собрание на ОН

Талибанците побараа да се обратат до светските лидери пред Обединетите нации, и во таа прилика тие го назначија својот портпарол во Доха, Сухаил Шахин, кој би бил авганистански амбасадор во Обединетите нации, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Талибанскиот министер за надворешни работи Амир Кан Мутак писмено побарал од генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, нивниот претставник да се појави во Њујорк.

Мутаки побарал Шахин да говори за време на годишното Генерално собрание на Обединетите нации, кое завршува в понеделник, 27 септември.

Портпаролот на Гутереш, Фахран Хак, потврди дека Мутаки испратил писмо, а Ројтерс додаде дека со овој потег започнува „пресметката“ на талибанците со Гулам Исачај, амбасадорот на соборената влада на Авганистан.

Хак рече дека ривалските барања за местото на Авганистан во Обединетите нации биле испратени до телото од девет члена, во кое има и претставници на Соединетите Држави, Кина и Русија.

Меѓутоа, тоа тело нема да се состане пред понеделник, па под прашалник е дали талибанците воопшто ќе стигнат да им се обратат на светските лидери.

Доколку ОН на крај прифатат талибанскиот амбасадор да се обрати, тоа ќе биде значаен чекор на исламистичката група кон меѓународно признавање, што би можело да ги „отклучи“ потребните средства за колабираната авганистанска економија.

Гутереш рече дека желбата на талибанците за меѓународно признавање е единствениот лост што другите земји можат да го искористат за да ги притиснат да формираат инклузивна влада, да ги почитуваат човековите права, особено жените.

Во писмото талибанците исто така наведуваат дека мисијата на Исачај „завршила и повеќе не го претставува Авганистан“, додаде Хак.

Меѓутоа, додека не се донесе поинаква одлука, Исакај останува претставник на амбасадата, така барем велат правилата на Генералното собрание.

Засега, тој треба да се обрати на последниот ден од состаноците на 27 септември.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе