Тактиката на опозицијата успеа, Путин ја губи Москва

Руската владејачка партија Обединета Русија, која го поддржува претседателот Владимир Путин, изгуби околу третина од местата во московскиот парламент и сега е прашање кој ќе ја има власта во главниот град на Русија, пренесува Ројтерс.

Вчерашните избори беа едни од најнабљудуваните во последните години, бидејќи властите од изборната трка исклучија бројни кандидати на опозицијата, поради што Москва со недели ја блокираа протест.

Новинската агенција РИА денес сугерира дека опозициската стратегија на тактичко гласање за најсилниот кандидат успеала.

Московските избори истакнати опозициски политичари, како Алекс Навални и неговите сојузници, ги означија како шанса за нагризување на Обединета Русија пред парламентарни избори во 2021.

Протестите избија кон средината на јули откако централната изборна комисија одби да ја прифати кандидатурата на голем број опозициски политичари, под изговор дека не собрале доволно потписи од вистински поддржувачи.

Навални ги советуваше своите поддржувачи тактички, низ Русија, да гласаат за кандидатот кој има најмногу шанси да го победи кандидатот на Обединета Русија.

Московските кандидати на Обединета Русија се „претворени“ во независни кандидати за да се дистанцираат од партијата што ја има најниската поддршка во последните десет години.

Речиси комплетните изборни резултати, на кои се повикува РИА, покажуваат дека Обединета Русија изгубила околу третина од местата, во споредба со минатите избори.

РИА наведува дека Обединета Русија на крајот веројатно ќе има 26 од 45 одборнички места во московското собрание.

На претходните избори во 2014 Обединета Русија доби 28 пратеници преку својата листа, и уште 10 независни пратеници кои ги поддржа.

Овој пат, пишува РИА, Комунистичката партија ѝ зема места на Обединета Русија освојувајќи 13 мандати, додека на минатите избори имаа само пет одборници.

Опозициската партија Јаблоко и Праведна Русија освоија по три мандати, наведува РИА.

Путин и понатаму има голема поддршка и го поддржуваат над 60 отсто од Русите, но сепак помала од претходните години.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе