Тајван нема локален пренос на корона веќе 200 дена, еве како го држат вирусот под контрола

Додека голем дел од светот се бори да спречи нов бран на зараза со ковид-19, Тајван штотуку го одбележа 200-тиот последователен ден без локално пренесен случај, пишува Си-ен-ен.

EPA-EFE/DAVID CHANG

Одговорот на Тајван на пандемијата е еден од најефикасните во светот. Островот со 23 милиони жители последен пат пријави локален случај на 12 април.

Значајното достигнување на Тајван се совпаѓа со неделата во која Франција и Германија воведоа строги рестриктивни мерки, а Соединетите Држави идентификуваа рекордни 88.000 случаи на инфекција во еден ден.

Сојузната држава Флорида, која според бројот на жители е слична со Тајван, само во средата имала 4.188 случаи.

Тајван никогаш не морал да воведува строги мерки или да прибегнува кон драстични ограничувања на граѓанските слободи. Наместо тоа, Тајван се фокусирал на брзината. Властите почнале да ги проверуваат патниците од директните летови од Вухан дури и кога вирусот во голема мера бил непознат.

Тајван го потврди својот прв случај на 21 јануари, а потоа им забрани на жителите на Вухан да патуваат на островот. Сите патници кои пристигнувале од Кина, Хонг Конг и Макао морале да поминат проверка. Сето тоа се одвивало и пред самиот Вухан да влезе во карантин на 23 јануари. Тајван до март забрани влез на сите странски државјани на островот (освен на дипломатите, жителите и на оние со специјални визи за влез).

Сепак, Тајван има предности што многу земји ги немаат. Една е географијата - Тајван е остров, така што на службените лица им е полесно да го контролираат влезот и излезот.

Тајван исто така има искуство со слична ситуација - откако на почетокот на 2003 година ја претрпе појавата на САРС, владата почна да работи на развој на своите способности за сузбивање пандемии, рече министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву во интервју минатиот месец.

„Значи, кога слушнавме дека во Кина има некои случаи на мистериозна пневмонија, а пациентите биле изолирани, знаевме дека се работи за нешто слично“, рече Ву.

Властите го засилија производството на маски за лице и заштитна опрема, инвестирале во масовни тестирања и во брзо и ефикасно барање контакти.

Поранешниот потпретседател на Тајван, Чен Чиен-јен, кој по професија е епидемиолог, рече дека блокадата не е идеална. Чен исто така рече дека масовните тестирања, како оние кои се спроведуваат во Кина, се непотребни.

„Многу внимателното барање на контакти и многу строг карантин за блиските контакти се најдобриот начин да се одржи ковид-19 под контрола“, рече тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/DAVID CHANG

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе