„Само народот на Тајван може да одлучува за својата судбина“

Тајван го отфрли кинескиот модел „една земја, два системи“

Тајван го отфрли моделот „една земја, два системи“ кој го предложи Кина во Белата книга објавена оваа недела.

EPA-EFE

Тоа го соопшти министерството за надворешни работи на Тајван, а пренесува Ројтерс.

Канцеларијата за Тајван на Државниот совет на Народна Република Кина и Канцеларијата за информирање на Државниот совет на Народна Република Кина објавија Бела книга со наслов „Прашањето на Тајван и повторното обединување на Кина во новата ера“.

Во неа како главни принципи за решавање на тајванското прашање се наведени „мирното обединување“ и моделот „една земја, два системи“.

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Тајван Зоане Оу на конференција за медиумите кажа само дека народот на Тајван може да одлучува за својата иднина.

„Кина ја искористи посетата на Ненси Пелоси на Тајван како изговор за ново заплашување на луѓето на Тајван“, додаде Оу.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе