Нова страница во историјата

Тајван ги легализираше истополовите бракови за прв пат во Азија

Парламентот на Тајван денес го легализираше бракот од ист пол за прв пат во Азија, откако парламентот го преживеа обидот на конзервативните законодавци во последен момент да го протуркаат законот за „граѓански заедници" наместо брак за хомосексуалци.

Пратениците го усвоија законот со кој на паровите од ист пол им се дозволува да формираат „ексклузивни трајни заедници“ и друга клаузула со која ќе им се дозволи да аплицираат за „регистрација на бракот“ во владините агенции.

Гласањето кое се одржа на Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија е голема победа за ЛГБТ заедницата на островот, која со години се залага за еднакви права за брак.

Во последниве месеци, конзервативците се мобилизираа да го ослободат законот од каква било референца за брак, промовирајќи ги ривалските закони кои нуделе нешто слично со ограничена заедница од ист пол. Но, овие закони не добиле доволно гласови.

Групите за правата на хомосексуалците го поздравија денешното гласање, велејќи дека можноста да аплицираат за „регистрација на бракот“ - позната како Клаузула 4 - доведува нивната заедница да биде порамноправна со хетеросексуалните двојки.

„Усвојувањето на Клаузулата четири гарантира дека две лица од ист пол можат да го регистрираат својот брак на 24 мај со што ќе се потврди дека Тајван е првата земја во Азија која ги легализира истополовите бракови и успешно отвори нова страница во историјата“, рече тајванската Алијанса за промовирање на правата на граѓанското партнерство.

Највисокиот суд во земјата неодамна пресуди дека оневозможувањето брак од ист пол претставува кршење на Уставот. Судиите ѝ дадоа на тајванската влада рок до 24 мај и утврдија дека дотогаш мора да се направат измени во законите.

За да се испочитува рокот на судот, три закони беа предложени во Парламентот. Владата го претстави најлибеларниот закон, единствениот во кој се користеше зборот „брак“ и кој нудеше ограничено право за посвојување на деца.

Конзервативните законодавци предложија други две верзии на новиот закон, во кои се избегнува зборот „брак“ и кој повеќе личи на законот за истополови заедници без право на посвојување. Тие се повикуваа на референдумот од минатата година во ноември во кој гласачите ја отфрлија идејата дека бракот може да биде нешто што друго освен заедница помеѓу маж и жена.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе