Се откриваат деталите од тужбата на свиркачот

Тајното ветување на Трамп до странски лидер е поврзано со Украина

Џулијани негираше, а потоа призна дека барал од земјата да го истражи Џо Бајден.

Во јавноста почнаа да се појавуваат повеќе детали за тужбата што разузнавач ја поднел против претседателот Трамп - а упатуваат на можна врска со изборите во 2020 година.

Извори за Вашингтон пост рекле дека тужбата се фокусира на Украина и дека можеби содржи разговор на претседателот за кој демократите во Домот веќе водат истрага.

Демократите побараа да го видат записот од разговорот со Володимир Зеленски. Тие ги обвинуваат Трамп и адвокатот Руди Џулијани дека вршеле притисок врз лидерот да спроведе „политички мотивирана“ истрага за синот на Џо Бајден, Хантер — и уште една за да му помогнат на поранешниот претседател на кампањата на Трамп, Пол Манафорт.

Тужбата на свиркачот, поднесена две и пол недели по повикот, наводно, содржи некакво „ветување“ на Трамп до странски лидер.

 

Повеќекратни активности

Мајкл Аткинсон, генералниот инспектор на разузнавачката заедница, вчера зборуваше пред Комитетот за разузнавање во Домот на брифинг зад затворени врати. Извори за Си-ен-ен рекле дека Аткинсон, кој ја добил тужбата и ја опишал како „итен случај“, по наредба на администрацијата одбил да разговара за деталите, но им рекол на пратениците дека разузнавачот го загрижиле „повеќекратни активности“ и „низа настани“.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе