вторник, 16 април 2024

Црвениот картон на Араухо го однесе ПСЖ во полуфинале (ВИДЕО)

ПСЖ со 4-1 ја победи Барселона на Монжуик и со вкупни 6-4 се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите, клучен момент на мечот беше црвениот картон кој во првото полувреме го заработи Араухо.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона мечот го почна со предност од 3-2 по првиот меч, а по само 12. минути игра тоа водство беше зголемено откако Рафиња даде гол за 1-0.

Но, работите почнаа да се менуваат од 29. минута кога Араухо доби црвен картон по фаул врз Баркола.

Во 40. минута Дембеле постигна гол и изедначи на 1-1. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

По девет минути игра во вториот дел Витиња даде гол за комплетен пресврт и водство на ПСЖ од 2-1. Со овој гол вкупниот резултат беше изедначен на 4-4.

Во 61. минута Мбапе даде гол за предност на ПСЖ од 3-1, а тој погоди и во 89. минута за конечна победа од 4-1 и пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ