Тајната служба го изнесе Трамп од прес-конференција по пријава за пукање (ВИДЕО)

Припадници на американската Тајна служба го изнесоа Доналд Трамп од конференција за медиумите во Белата куќа откако беше пријавено пукање. На новнарите им беше наредено да ја напуштат претседателската резиденција.

EPA-EFE

Трамп брзо се врати во Белата куќа и ја продолжи прес-конференцијата на која кажа дека пукањето било надвор од Белата куќа и дека сѐ е под контрола.

Едно лице завршило во болница. Според локалните медиуми, пукањето се случило во близина на Лафајет паркот.

Трамп кажа дека Тајната служба го застрелала напаѓачот.

„Би сакал да ѝ се заблагодарам на Тајната служба што секогаш си ја врши работата брзо и ефикасно. Надвор се случи пукање и некој поради тоа завршил во болница. Не знам во каква состојба е тоа лице. Изгледа дека го застрелал припадник на Тајната служба“, изјави Трамп.

Околностите на пукањето не се познати.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе