Ќе остане на позицијата до изборот на наследник

Тајмс: Британската премиерка Меј утре ќе поднесе оставка

Британскиот весник Тајмс објави дека се очекува британската премиерка Тереза Меј утре да објави дека поднесува оставка. Весникот не го наведе изворот на информацијата.

Тајмс наведува дека Меј ќе остане на премиерката позиција сѐ додека не заврши изборот на нејзин наследник.

Следниот британски премиер ќе биде избран со гласовите на околу 125 илјади членови на Конзервативната партија.

Досега Меј успеваше да одолее на растечкиот притисок врз нејзиното кршливо лидерство, пишува Тајмс, изјавувајќи дека додека ја има власта, нејзината „должност“ е да го истурка нејзиниот договор за брегзитот во парламентот. Меѓутоа, нејзиниот најнов предлог наиде на критики дури и од оние кои претходно ја поддржуваа.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе